655
На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера се изречени вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција.
-Казнети се 16 лица кои биле без возачка дозвола. Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, седум за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 68 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, се наведува во сопштението, и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.