Шилегов: Скопје го заслужува најдоброто

by fokus

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов јавно се заблагодари на СДСМ, откако по вчерашната седница на Извршниот одбор на партијата, тој се најде на листата на првите 30 потврдени кандидати за градоначалници, кои ги обелодени партискиот лидер Зоран Заев.

-На седницата на Извршниот одбор на СДСМ која се одржа вчера и официјално беше потврдена мојата кандидатура за градоначалник на Скопје на претстојните избори.
Упатувам огромна благодарност до мојата матична партија за довербата и поддршката. Скопје го заслужува најдоброто, продолжуваме заедно во нови победи, напиша Шилегов на фејсбук.

Поврзани новости