Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 53 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), велат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.