Годинава убиени дури 18 новинари во Мексико

by fokus

Ова е најсмртоносната година за новинарите во Мексико – досега се убиени 18 новинари, објави организацијата за човекови права Article 19.

Тие соопштија дека од 18 убиства во 9 случаи досега постои потенцијална поврзаност со нивната работа, изјави регионалниот директор на организацијата Леополдо Малдонадо.

„Оваа, 2022 година, може да биде најлошата година на векот за новинарите“, рече Малдонадо.

За нешто повеќе од осум месеци, бројот на убиства за 2022 година веќе ги надмина 13-те убиства регистрирани минатата година и 14-те регистрирани во 2020 година.

Според организацијата смртните случаи биле поврзани со професијата на жртвите во околу половина од случаите во 2021 и 2020 година.

Во меѓувреме, организацијата документирала вкупно 331 напад врз новинари во првата половина од годината, од кои повеќето вклучувале заплашување и вознемирување.

Поврзани новости