Казнети 175 возачи во Скопје: 32 возеле под дејство на алкохол

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Поврзани новости