669
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор.
Изречени се 55 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 64 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 34 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.