Казнети 134 возачи во Скопје, 13 биле без возачка

by Fokus

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје се изречени вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 за возење без возачка дозвола и шест за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Како што соопшти МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за нерегистрирани возила,…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Поврзани новости