Казната за тортура е од три до осум години

by Фокус
Специјалното јавно обвинителство денеска покрена нова истражна постапка под име „Тортура“ за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, а како првоосомничен се води поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков и уште шестмина други лица.

Во Кривичниот законик, член 142 се наведува дека тој што во вршењето на службата, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана иди друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или 59 душевно страдање за да го казни за кривично дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице, или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово право, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години.

Untitled

Поврзани новости