Основниот суд Скопје 1 денеска донесе пресуда со која му досуди 14 години казна затвор на 20-годишниот Насер Ештрефи, кој беше обвинет за убиството на Ангел Петковски во скопската населба Ѓорче Петров.
„Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот поврзан со убиството што во мај минатата година се случи во наслелбата Ѓорче Петров. На денешната главна расправа Јавниот обвинител и одбраната на обвинетиот ги кажаа завршните зборови, а по советување, надлежниот судски совет ја донесе пресудата со која обвинетиот Н.Е. го огласи за виновен за кривичното дело Убиство од член 123 ст.1 од КЗ. Советот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а воедно му ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата, се вели во соопштението на Кривичниот суд.