Казна за две лица од Битола: Жена затекната како лежи во алкохолизирана состојба во полициски час

by Fokus

Две лица од Битола биле затекнати на две одделни локации во градот во време кога на сила е полицискиот час.

За нив е побарано да се издадат казнени налози за вршење на кривично дело според здравствените прописи за време на епидемија и непочитување на мерката за спречување на корона вирусот.

Првиот обвинет 18-годишен жител на Битола кој вчера во 01:25 часот со патничко моторно возило „Рено 19“ без регистарски таблици се движел по ул.„8-ми Септември“. Втората обвинета е на возраст од 33 години и половина час после полноќ била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на ул. „Прилепска“.

Поврзани новости