316
Казните се од 500 до 1.000 евра доколку сопствениците на објекти нема да го исчистат снегот од пред своите влезови.
Според “Законот за јавна чистота”, член 22, во зимски услови при снежни врнежи сите сопственици, односно корисници на јавни објекти се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред јавните објекти, со што ќе се обезбеди непречен пристап до објектите.
Парични казни од 2.000 до 3.000 евра ќе платат правните лица кои се задолжени за чистење на јавните површини доколку навремено не го расчистуваат снегот.