За возење без сигурносен појас, возачите во иднина ќе плаќаат глоба од 40 евра во денарска противредност или пак ќе им бидат впишани 25 негативни поени во возачката книшка. За непропуштање на пешаци казната ќе достигнува до 200 евра во денарска противредност.
Ова се мал дел од одредбите на Предлог- законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање кој е на се на дневрн ред на денешната 63 седница.
Мобилен телефон додека возачот управува со возилото не смее да користи, освен ако притоа се употребува направа која овозможува нивно користење без употреба на раце. Глобата за зборување на мобилен телефон е предвидува да изнесува 40 евра или 25 негативни поени.
Лицето кое се превезува со возилото не смее да го попречува возачот на начин кој би го намалил неговото внимание и можноста за реагирање и сигурно управување со моторното возило. Глобата за попречувачите на возачите е предвидено да изнесува 50 евра во денарска противредност.