643
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева (150 евра) бидејќи влегол во затворен простор без заштитна маска, соопштило бугарското Министерство за здравство, објави БТВ.
Борисов бил во посета на Рилскиот манастир и влегол внатре без да стави маска. Покрај него, ќе бидат казнети и лицата од неговиот кабинет кои го придружувале, како и новинарите, снимателите, фотографите и сите останати кои не носеле маска.
Бугарија од денеска повторно го воведе задолжителното носење маски во сите затворени објекти, а предвидените казни се од 300 до 1 000 лева (150 до 500 евра).