Обвинителство за снимките со Дончев: Нема да постапуваме по нецелосни снимки, да се пријават во институциите

by Frosina Fakova

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција нема да постапува по нецелосни снимки и претпоставки, велат од Обвинителството за снимките кои беа објавени со поранешниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев.

Тие бараат снимките да се достават до институциите за да постапуваат.

– Во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. Обвинителството укажува дека секој што поседува докази дека е сторено кривично дело истото треба да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во обвинителството и да ги приложи доказите по што обвинителството ќе отвори предмет и ќе преземе дејствија за расветлување на случајот, е ставот на Обвинителството.

Дончев денеска излезе со демант во кој тврди дека снимките со парите се стари, а разговорите биле извдадени од контекст за да му се наштети.

Поврзани новости