509
Државниот просветен инспекторат парично ги казни основното училиште „ Крсте Петков Мисирков“ и директорката Олгица Стојанова поради одржување верски обред – ифтарска вечера во холот на училиштето. Инспектори направиле увид во училиштето по реакциите на јавноста.
Училиштето како правно лице ќе треба да плати казна од 1.600 евра, додека директорката Стојанова, како одговорно лице, е казнета со 1.120 евра.
Дополнително од инспекторатот ќе поднесе барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката затоа што дозволила верско организирање во училиштето, што е спротивно на закон.
Ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училиштето каде локален оџа вршеше верски обред.