Кавадарци ќе ја дочека Новата година со локални бендови и греана ракија на плоштад

by Fokus

Општина Кавадарци најавува организиран дочек на Новата година на градски плоштад.
Свои настапи ќе имаат кавадаречки групи, односно Акустико лајт и M.A.D M8ts, а на полноќ ќе има и спектакуларен огномет.

За оние кои ќе се одлучат да прослават на плоштадот, ќе биде поставена новогодишна куќарка, каде ќе се продаваат вино, греана ракија и закуски по симболични цени. За организираниот дочек од буџетот ќе бидат одвоени 300.000 денари, додека за украсувањето на градот 1.500.000 денари.

Градоначалникот Митко Јанчев традиционално ќе подели околу 4.000 новогодишни пакетчиња во градинките, училиштата и на социјално загрозените семејства.

Лани општината одвои околу 800.000 денари за одбележувањето на новогодишните и божиќните празници. Беше организирана културно-забавна програма со настап на локалните бендови Трилоџи, Лексикон и Бадасал, а за хумор беше задолжен актерот Диме Коцевски. Се одржаа и голем број на детски претстави, концерти и изложби за време на празниците.

В.К.

Поврзани новости