МВР го демантира Мицкоски: Не апсиме од политички мотиви

by fokus

Министерството за внатрешни работи ги демантира тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој утринава преку фејсбук коментар информираше дека неодамна полицијата упаднала во домовите на околу петнаесетина активисти на партијата. Од министерството велат дека ниту една полициска акција не била мотивирана од политички мотиви.

„Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, соопштија од таму.

Поврзани новости