Кавадарци има трицифрен број на активни Ковид-19 случаи!

by Fokus

Во тек на денешниот ден пристигнати се 16 позитивни резултати на Ковид-19 во Тиквешијата. Петнаесет пациенти се од Кавадарци, додека еден е од Неготино.

Со денешните бројки во градот има 103 активни случаи на вирусот, а се очекуваат резултати од земени брисеви на повеќе лица во тек на денешниот или утрешниот ден. Во Неготино пак, активни се 13 случаи на корона вирус.

Од Центар за јавно здравје Кавадарци појаснуваат дека возраста на новоинфицираните се движи од 15 години, па нагоре, а две лица од градот биле хоспитализирани. Во Неготино позитивен е маж на возраст од 53 години. Поголемиот дел од инфицираните како и во изминатиот период, тврдат дека не знаат од каде се заразиле. Локалната власт во Кавадарци во изминатите неколку недели во повеќе наврати излегува со апели и насоки, со цел превенција од вирусот.

Се потенцира намалување на дружбите на младите, кои го сочинуваат најголемиот дел од новоинфицираните, како и на носење на заштитна опрема, редовна дезинфекција и одржување на дистанца.

Вики Клинчарова

Поврзани новости