Кавадарчани во шок поради самоубиството на млада жена: Болката по чедото ја однесе во смрт

by fokus

 

Кавадарчани утрово ги потресе веста за самоубиство на млада жена.

Триесетгодишната С.Ш. утрово се фрлила од петти кат од зграда во новиот центар во Кавадарци, и починала на лице место.

Смртта била констатирана од вработени во итната помош на местото на настанот, по што јавниот обвинител наредил обдукција на телото.

Според неофицијални извори, станува збор за личност со високо образование, од угледна фамилија.

С.Ш. неколку години се обидувала да добие дете со својот сопруг, и кога лани и се оставрил сонот, поради компликации од предвременото породување, бебето набргу по раѓањето починало – се шпекулациите кои што се актуелни низ градот денес.

Кавадарчани коментираат дека болката по изгубеното чедо ја навела младата жена да посегне по својот живот.

Од МВР го потврдуваат настанот, но не откриваат повеќе детали.

В.К.

ФОТО: Р.Трајковски

Поврзани новости