Кавадарчанец со тешки последици од сообраќајна несреќа

by lali

Кавадарчанец на возраст од 60 години бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне во Кавадарци, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Сообраќајната незгода се случила на ул. ,,Шишка“, помеѓу патничко возило „опел корса“ со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот  М.Г.(61), појасни Додевски.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Поврзани новости