Кавадарчанец фатен како во училиште продава дрога на 19-годишно момче

by Fokus

Дваесет и четиригодишен кавадарчанец завчера бил фатен од полицијата како продава дрога на 19 годишен сограѓанин, информацијата денеска за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Настанот се случил во попладневните часови во СОУ „Ѓорче Петров“, лицето М.Ј.(24) од Кавадарци било фатено како продава наркотична дрога на свој сограѓанин М.А.(19) – појасни Додевски.

М.Ј. е приведен во полициската станица од општа надлежност Кавадарци, каде по документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани новости