Кацарска викна итна медицинска помош за да му измери притисок на Пепиќ, по што судењето продолжи

by fokus

Судијката Добрила Кацарска нареди да дојде итна медицинска помош за обвинетиот Мунир Пепиќ, откако неговиот адвокат, Еленко Миланов, се пожали дека неговиот клиент не се чувствува добро. Судијката рече дека медицинскиот преглед на Пепиќ, на минатото рочиште, покажал дека е во добра состојба, освен што има покачен притисок, објави порталот СДК.

„Сè ви е добро. И срцето ви е добро“, му рече Кацарска на обвинетиот.

Неговиот адвокат рече дека Пепиќ уште вчера не се чувствувал добро, на што судијката одговори дека требало да побара преглед кај интернист. Судијката даде 15 минути пауза за лекарите да го прегледаат обвинетиот во судот.

Судијката, откако си отиде итната медицинска помош, на присутните им рече дека обвинетиот Мунир Пепиќ, имал притисок 130 со 90 по што судењето продолжи со распит на сведокот Агим Нухиу.

Поврзани новости