380
Шефицата на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска одржа завршна прес-конференција на која ги изнесе заклучоците од работењето на Судот во текот на целата 2022 година.
Како што истакна таа, 2022 година била година на неизвесност и многу проблеми за Уставниот суд.
„Темата со неизбирањето на судиите сẻ уште е сериозен проблем за Уставниот суд, но и дамка за угледот на државата, само затоа што пратениците се неодговорни кон уставните обврски“ рече Кацарска.