Кацарска и претходно добивала закани по социјалните мрежи, но не пријавила се до овој инцидент во гаражата

by Fokus

По поставените прашања од повеќе медиуми Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.

Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата.

Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава.

Поврзани новости