296
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот ден на независноста, во свое лично име и во име на Судот упати искрени честитки до сите граѓани.
-Нека денешниот празник не’ потсетува на мудрите одлуки кои се носеле во минатото, но и нека биде совест и глас на нашата борба за подобро, заедничко утре. Да си ја цениме и сакаме нашата татковина и секој од нас, да носи правилни одлуки, кои ќе немаат друга цел освен благосостојба, мир и напредок на државата. Нека е честит 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија!- се вели во соопштението од Кацарска.