Катругалос: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија не е најидеалниот чекор, но е позитивен

by fokus

Фактот дека дискусијата во ЕУ за Северна Македонија ќе започне од октомври можеби не е најидеалниот чекор што го очекувавме, но е позитивен, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за „Јуроњуз“ на грчки јазик.

Шефот на грчката дипломатја додава дека во прашање е кредибилитетот на ЕУ и тоа каква порака се испраќа до земјите кандидати за членство во Унијата.

-Многу пати имам нагласено дека е прашање на кредибилитетот на Европската унија да одговори на сите овие важни чекори преземени од Северна Македонија. Бидејќи, каква порака испраќаме до сите земји кои сакаат да се интегрираат во ЕУ, спроведуваат многу тешки внатрешни реформи за да се прилагодат на европското законодавство, а од друга страна се обидуваат на најдобар можен начин да ги решат соседските прашања, како што направи Северна Македонија? Сепак, сметам дека фактот што дискусијата ќе започне од октомври е еден прв чекор. Можеби не е најидеалното што го очекувавме, но е позитивен чекор, вели Катругалос.

Поврзани новости