Бени Шаќири: Немам никаков коментар за писмото!

by fokus

-Не, немам никаков коментар, со почит – вака одговори рок музичарот Арбен Шаќири, познат во јавноста како Бени од Нон Стоп на прашањето на ,,Фокус” околу тоа кој е неговиот став, односно реакција по повод отвореното писмо од културните работници.

Писмото кое е актуелно денес е потпишано од голем број на културни работници и адресирано до премиерот Зоран Заев, а во него се апелира да не се прават промени во владејачката структура на МКЦ во Скопје.
Тие обвинија дека Бени наводно, веќе ја прославувал новата функција, директор во МКЦ, и посочуваат дека тој го немал потребното искуство да раководи со институцијата.

Во интервју за Независен.мк во месец февруари годинава, Бени потврди дека аплицирал на конкурсот.

– Она што можам да го кажам засега е дека аплицирав. Дали ќе ме изберат или не, тоа ќе го кажат службите кои се надлежни за тоа. Не сакам да се занимавам со шпекулации, јас работам благородна работа, не сакам да се занимавам со „ти реков, ми рече“ работи. Конкурсот сè уште е отворен и секој што ги исполнува условите може да се пријави. Можеби ќе се пријават 100 луѓе – порача тогаш Шаќири.

Исто така, ги отфрли шпекулациите дека владеачката СДСМ сака да го намести на конкурсот и кажа дека нема ниту партиска книшка.

Вики Клинчарова

Поврзани новости