Катица сокриена зад псевдонимот “мајка” во пораките на Боки 13 и адвокатот Димишков

by fokus

На денешното судење за случајот “Рекет” продолжи изведувањето на материјалните докази предложени од обвинителството.

Обвинителката Ивана Трајчева прочита смс комуникација помеѓу Бојан Јовановски и адвокатот Васил Димишков, а во именикот на Боки 13 запишан како Васе.

Тие комуницираат во ноември и декември 2018 година, а во врска со случајот “Империја”. Сепак нивната комуникација не е во целост разбирлива, па така Димишков му пишува:

-Денес и шоферот на водата го земале. Тој бил поштарот што дава пошта по сандачиња, му пишува Димишков на Јовановски.

Потоа следуваат неколку пораки преку кои се договараат за состанок во телевизијата 1ТВ, но и на други локации.

И во наредните неколку месеци, продолжува нивната комуникација. Тие си испраќаат документи од СЈО, односно испратени мислења од обвинителството до судот.

Димишков му пишува неколку пораки на Јовановски, користејќи ја шифрата “мајка”.

-Извини дали може да ја потсетиме “мајка”, се уште не е пристигнато, а веќе при крај е работното време.

-Те молам види со “мајка” до каде се?”

-Дали имаш инфо од “мајка”? го прашува Димишков соговорникот Јовановски.

Во една од пораките Боки 13 му вели и на Димишков дека “е на пат со мајка”, а потоа беше прикажена фотографија од истиот датум на која се гледаат Боки 13 и Јанева фотографирани во Грција.

Сепак, од пораките не може да се дознае контексот на нивниот разговор, поради што нејасна е до крај улогата на адвокатот Димишков.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости