Мизрахи: Таблата е истата од претходно, друг банер нема во МТСП

by fokus 14:15
14:15

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, останува на ставот дека ќе ги држи прес-конференциите пред постојната табла во Министерството на која стои името Република Македонија. Тоа е табла, вели Мизрахи, што ја затекнала кога дошла во Министерството, и таму не постоел никаков друг банер.

-Јас тука никогаш тука не најдов банер, ова е таблата на Министерството и јас држам пресови пред таблата која ја затекнав. Нема да ставам банер кој не постоел тука. Ова е таблата од Министерството и пред оваа табла ќе се држат пресовите. На друго место да го поставите прашањето, со некои аналитичари и експерти во врска со Преспанскиот договор и да видите дали треба да се стави или не. Во овој момент јас не ставам банер, рече министерката Мизрахи одговарајќи на новинарско прашање дали на ваков начин не се крши Преспанскиот договор.

- Advertising -

Поврзани новости