Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се најде на листата составена од највлијателните жени кои што ја менуваат Источна Европа.
Листата со имињата и податоците на дваесетиедна жена, од повеќе европски земји е обајвена во германскот медиум „Остпол“, по повод празникот Осми Март, а покрај Јанева, како највлијателни жени се прогласени и новинарки, активистки и жени борци за човекови права од Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Грција, Косово, Полска, Русија, Србија и други.
„Катица Јанева беше обвинител во мал град во Јужна Македонија, а сега е најпопуларната жена во Македонија. Како шеф на СЈО, таа се соочува со предизвикот да гони високи официјални лица, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски. Таа ја прифати работата, кога малкумина беа спремни да го преземат нејзиниот ризик.
Нејзина задача е да донесе правда за македонските граѓани, кои што беа жртви со децении на клептократски лидери и нивните арамски банди кои беа функционери и директори на компании. Оваа работа да ја работи жена, во земја која што сеуште се бори со силни стереотипи за жените, е значаен знак’’ – се вели во текстот посветен на Јанева во „Остпол“.
Вики Клинчарова