Оставката на Михалјова може да го врати Панчевски на чело на судот

by fokus

По неотповикливата оставка што вчера ја поднесе в.д. претседателката на Кривичниот суд, Татјана Михајлова, се создава можност доскорашниот претседател Владимир Панчевски, повторно да застане на чело на судот, но овој пат како в.д. претседател.

Од Судскиот совет посочуваат дека имаат неколку опции и тоа именување на нов в.д. претседател, или спроведување на изборот на претседател од веќе постоечките кандидати, но и можност да се распише нов оглас за избор на претседател на Кривичен.

Кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1 се Панчевски и судијата Иван Џолев, но изборот постојано се одложува бидејќи како што неофицијално се шпекулира за Панчевски не може да се обезбеди двотретинско и Бадентерово мнозинство.

За да избере в.д. претседател пак не е потребно Бадентерово мнозинство. Во игра се сите судии од судот, но треба да се избере оној кој има долгогодишен стаж и највисоки оценки, но како што не брифираат судии од Основниот суд Скопје 1, овие правила не биле испочитувани кога била избрана Михајлова, односно имало судии и со подобар стаж, но и подобри оценки.

В.В.

Поврзани новости