520
Специјалната обвинителка Катица Јанева најдоцна до утре ќе ги достави сите документи (работен, персонален и финансиски план) кои и ги побара Советот на јавни обвинители за да го избере нејзинот предлог тим од 14 помошници.
„Воедно изразено е уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот Јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители“, се наведува во соопштението од канцеларијата на обвинителката Јанева.