444
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека последните 100.000 разговори ги прибавиле при претресите кои ги вршеле, а рече дека не би можела да знае дали некаде постојат уште разговори.
-Преслушувањето на разговорите е непријатна работа, со часови да слушаш како некои луѓе разговараат меѓусебе. Но, од друга страна се слушаат и непријатни работи, да не речам гадости. Доколку некој поседува прислушувани материјали ги повикуваме да ги достават во СЈО во интерес на Република Македонија. Бараме меѓународна помош доколку има прислушувани разговори надвор од Македонија, рече Јанева.