Катар ќе ги застапува американските интереси во Авганистан

by fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Катар се согласил да ги застапува американските интереси во Авганистан, откако во август беше затворена Амбасадата на САД во Кабул.

– Катар ќе формира оддел за заштита на американските интереси во рамките на сопствената Амбасада во Кабул, со цел да обезбеди конзуларни и други услуги за американските граѓани во Авганистан, истакна Блинкен.

Исто така Катар ќе ја преземе одговорноста и за безбедноста и заштитата на сега веќе празните американски дипломатски објекти во главниот град на Авганистан.

САД имаат бројни договори за застапување на интереси во земји каде што немаат дипломатско претставништво. Швајцарија ги застапува американските интереси во Иран, Шведска во Северна Кореја, а Чешка во Сирија.

Тоа што Катар ќе ги застапува интересите на САД во Авганистан укажува дека администрацијата на Џо Бајден оценува дека во блиска иднина нема повторно да отвори Амбасада во Кабул.

Поврзани новости