Училиштата и факултетите во неколку области во Иран, меѓу кои и Техеран, денеска се затворени поради загадување на воздухот, јавија локалните медиуми.
– Поради зголемено загадување на воздухот, јаслите, градинките, основните и средните училишта, како и факултетите и други образовни институции се затворени во поширокиот регион на Техеран, соопштија локалните власти.
Во Иран сабота е прв работен ден во неделата. Во Техеран утрово густината на штетните честички од 2,5 микрони (ПМ) достигна 146 микрограми на метар кубен.
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува максимална горна граница од само 25 микрограми по метар кубен за 24 часа.
Училиштата се затворени и во северниот и централниот дел на Иран. За сега не се прецизира кога ќе бидат повторно отворени.
Од загадување на воздухот во Иран годишно умираат речиси 30.000 луѓе.