Ако се пласира на ЕП, Македонија може да игра со Германија, Франција, Португалија, Холандија

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација може да игра во групата Ф на Европското првенство, која е најсилна, и која би ги вкрстила „рисовите“ против земји кои во минатото биле европски прваци, а две се актуелни европски и светски првак.

За да игра со Германија, Франција и Португалија, македонската селекција треба да се пласира на ЕП, но и Романија да биде учесник на завршницата. Ако Романците се пласираат на ЕП, тие ќе бидат во групата Ц со Украина, Холандија и Австрија, во спротивно, таму ќе се придружи Македонија, Косово, Белорусија или Грузија.

Ако Романија игра на ЕП, нашата селекција ќе биде во друштво со Германија, Франција и Португалија. Оваа група дефинитивно е најсилна и би било интересно како награда за прво учество на ЕП да имаме три спектакуларни противници.

ГРУПА А (Рим и Баку): Италија, Швајцарија, Турција, Велс.

ГРУПА Б (Копенхаген и Санкт Петербург): Белгија, Русија, Данска, Финска.

ГРУПА Ц (Амстердам и Букурешт): Украина, Холандија, Австрија, победник од Д од Лига на нации (условно).

ГРУПА Д (Лондон и Глазгов): Англија, Хрватска, Чешка, победник од Ц.

ГРУПА Е (Билбао и Даблин): Шпанија, Полска, Шведска, победник од Б. јз

ГРУПА Ф (Минхен и Будимпешта): Германија, Франција, Португалија, победник од А од Лига на нации (условно).

Фото – ФФМ.

Поврзани новости