Касами: Владата се плаши дека ќе ги изгуби изборите, доаѓањето на Курти беше почит и за Северна Македонија

by Fokus

Градоначалникот на Тетово на социјалните мрежи објави пост во кој ја кара Владата дека се плаши од пораз на следните избори. Тој ова го одговори откако и премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски побараа надлежноте институции да реагираат за непочитување на законските прописи при истакнување на симболи на туѓи држави, знамиња и постери од Голема Албанија и неистакнување на државното знаме.

„Владата не успеа да го скрие или контролира стравот од пораз на следните избори, особено кога се појави фронтот на обединетата опозиција со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти. Ја разбираме загриженоста на претседателот и Владата, кои изненадувачки со поддршка и реакции и Белград, и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженоста што албанската опозиција во РСМ е обединува и сега и брои денови на оваа влада на криминал и корупција. Доаѓањето на премиерот Курти беше исто толку почит и чест за Албанците од Северна Македонија, исто толку почит и за државата Северна Македонија, со која е потпишан меморандумот за заедничкиот проект, патот Тетово-Призрен“, напиша Касами.

 

Поврзани новости