(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Димитар КОВАЧЕВСКИ манифестирач на куповна моќ
Ајде да чујам „браво“ од сите што куповната моќ успеавме да ја дигнеме
за 30,2 посто што е доказ дека ако сме сложни сѐ можеме да постигнеме!
Ако сега и бројот на народи во Уставот го кренеме, треба да ни биде чест,
па затоа ги повикувам сите партии да се сложиме околу мојот Манифест!

 

Славјанка ПЕТРОВСКА ангажирана хуманитарка
Августот ми почна многу хумано, си вдомив кученце кое ќе го викам Стела,
а поплавите во Словенија се шанса да се покажам и со други хумани дела!
Испраќам контингент од сто војници да помагаат, за нашата хуманост знак,
а побарав и од општината Желино дозвола да има споменик кај Карпалак!

 

Христијан МИЦКОСКИ најавувач на правда
Хипокризија е власта во Кочани да казнува ама не и за исто дело во Струга,
за нашиот градоначалник пријава, ама за Мерко важи некоја правда друга!
Ќе се силат додека се на власт, но тоа е до изборите а потоа почнуваме ние,
кога во нашите раце ќе дојде моќта, никој нема да може од неа да се крие!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Данела Арсовска, Димитар Апасиев, Стево Пендаровски и Али Ахмети е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости