Касами: Со Заев разговаравме за деблокада на институциите

by fokus

По средбата во СДСМ, лидерот на БЕСА Биљал Касами кусо изјави дека разговарале за деблокирање на институциите.

Подоцна испратија соопштение до јавноста во кое се вели:

-Тема на дискусија беа последните политички случувања и настанатата ситуација во земјата, по одбивањето на претседателот на државата да го даде мандатот. Исто така е разговарано и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата во однос на функционирање на институциите. Уште еднаш нагласуваме дека Движењето БЕСА и понатаму ќе игра конструктивна улога продолжувајќи и понатаму да биде дел о решението, а не дел од проблемот- се вели во соопштението.

Контактите помеѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови.

Поврзани новости