Касами: Со ВМРО се координираме за Изборниот законик и Законот за обвинителство

by Фокус

Претседателот на Беса Биљал Касами во интервју Радио Слободна Европа вели на неодамнешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски разговарале за „опозициски работи“.

-Ние како опозициски партии треба да разговараме и да се координираме во насока на изборниот законик поради тоа што во него се прецизира дека некои работи се за позиција, некои за опозиција. Исто така, се координираме и за некои работи во однос на решенијата кои треба да ги понудиме како опозиција за законите кои се во процедура, во таа насока и за Законот за јавно обвинителство итн. – вели Касами.

Тој додава дека би коалицирале со, како што истакнува, било која македонска партија што ќе ги сподели нивните партиски заложби.

Поврзани новости