Обезбедувањето на двотретинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија, смета лидерот на БЕСА Биљал Касами.
-Обезбедувањето на двотретинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти – вели Касами.
Според него, сега е можноста да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.