Касами: Опозицискиот фронт има моќ да ја собори не само ДУИ, туку и сите партии во Владата

by Fokus

Биљал Касами – лидерот на Движењето БЕСА во интервју за Алсат изјави дека на следните избори албанските партии ќе бидат поделени во два блока; албанскиот опозициски блок и другиот блок обединети со СДСМ во чии рамки се ДУИ, Алијанса и новоформираните партии.

„Опозицискиот фронт има моќ да ја собори не само ДУИ, туку и сите партии во Владата и тука не станува збор за нашата моќ, туку за моќта на албанскиот глас. Албанците се уморни од ДУИ повеќе од 20 години на власт, со некои вазали кои во одредени моменти ја играа улогата на опозиција. Денес, за прв пат ова го признаваат и претставниците на Владата и некои партии создадени под диктат на ДУИ дека на овие избори ќе има два блока: блокот СДСМ-ДУИ и албанскиот опозициски блок“ – рече Касами.

Тој го обвини поранешниот лидер на АА, Зијадин Села, дека е лажен опозиционер.

„Не можете да го пречекате непријателот дома. Зијадин Села го прими Али Ахмети дома, тој му отиде дома кај него, а потоа го прогласи за убиец за 27 април. Станува збор за лажен опозиционер кој ја играл улогата на опозиција, но ѝ служел на ДУИ и продолжува да ѝ служи спасувајќи ја во најкритичните моменти и ќе продолжи да ѝ служи одејќи во предизборната коалиција со нив. Иако постојат гласини кои го негираат ова, јас сум многу сигурен дека Алијанса влезе во Владата за да оди на избори со заеднички листи“, вели Касами.

 

Поврзани новости