Лидерот на Беса, Биљал Касами, еден од лидерите на коалицијата Вреди, откако денеска гласаше во Тетово изјави дека повикува на масовно гласање со цел, како што нагласи, уште од утре да имаме здрави институции кои ќе работат на забрзување на патот кон ЕУ.
-Денеска го искористив уставното и законско право да гласам за претседателските и парламентарни избори, кои се многу важни за иднината на државата. Ги повикувам сите граѓаните да излезат и да гласаат затоа што со својот глас ќе придонесат за забрзување на патот кон Европската Унија.
Со секој глас се гласа за својата и за иднината на своите деца. Секогаш е полоша опцијата да не се гласа отколку да се гласа, затоа што така создаваме институционална криза која најмалку ѝ е потребна на државата во ова време. Нас ни е потребни здрави институции кои уште од утре забрзано ќе работат за интегрирае на државата во ЕУ – изјави Касами.