Касами: Народот да реши за понатамошниот пат на нашата држава

by Fokus

Првиот човек на БЕСА, Биљал Касами не го криеше задоволството од вечерашниот постигнат договор околу предвремените избори, кои ќе се случат во март, 2020 година.

„Го поздравуваме овој состанок на претседателот. Одлучивме да се оди на предвремени избори и народот да реши за понатамошниот пат на нашата држава. Иако ова се случи, Македонија останува посветена на евроатланскиот пат и не се разговара за никаква друга можност“, кратко порача Касами.

Поврзани новости