Ахмети: Важно е да победи најдобриот!

by Fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната лидерска средба порача дека со останатите шефови на партиите се разговарало на најдобар можен начин, без загрозување на европскиот пат.

„Сите политички партии се определија дека наша опција е ЕУ. И позиција и опозиција порачаа да не го загрозат нашиот европски пат. Разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Оценивме да почекаме да се ратификува протоколот за членство во НАТО. Важно е изборите да се демократски и да победи најдобриот“, истакна Ахмети.

Поврзани новости