511
Биљал Касами, претседател на БЕСА, посочи дека денеска треба да разговара со Зијадин Села, предводник на Алијансата за Албанците, за можна коалиција и соработка во вториот круг на локалните избори.
– Ќе го побарам Села за да разговараме за можноста за соработка во вториот круг за да ги максимизираме резултатите – посочи Касами по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Скопје.