497
Еврокомесарот Хан ја поддржува опцијата која има 67 пратеници и повторно да се апелира до Иванов да го даде мандатот, изјави Билал Касами, лидер на Беса по средбата со Јоханес Хан во македонскиот парламент.
„Денеска имавме уште една посета на еврокомесарот Јоханес Хан која и е неопходна на Македонија во ситуацијата во која се наоѓаме. Членовите на делегацијата ја даваат поддршката за да излеземе од кризата. Во овој правец работи и Беса, не гледајќи на личниот интерес затоа што сè уште има сили во Македонија кои сакаат да не втурнат во интеретничка криза, што е многу лошо за земјата“, изјави Касами.