486
Граѓаните на денешниот референдум испратија јасна порака до политичарите дека за иднината на Македонија треба да одлучат народните избраници земајќи ја целата политичка одговорност во Собранието, изјави лидерот на Беса Биљал Касами.
– Движењето Беса е подготвена за следната фаза што е пред нас, тоа на уставните измени каде што ќе ги даваме нашите сугестии и видувања за да се направат потребните корекции за да имаме Устав кој ќе гарантира потполна еднаквост на Албанците во Македонија и да изградиме сигурна европска иднина во НАТО и ЕУ – рече Касами.