Биљал Касами, предводник на едно од двете спротивставени крила во БЕСА, денеска изјави дека партијата на седница на Централниот совет донела легитимна одлука за оддржување на партиски изборен конгрес во фебруари.
-На оваа седница мнозинство од членовите донесоа одлука за конгресот и за сите процедури поврзани со негово организирање – истакна Касами.
Тој додаде дека на седницата било договорено тој да раководи со партијата до конгресот, меѓутоа, според него, веднаш потоа дел од членовите што ја игнорирале оваа одлука насилно влегле во партиското седиште во Скопје и изнајмниле нелиценцирана агенција за обезбедување.
-Затоа, пријавив во полиција и вчера влегов во седиштето, но тоа не го направив насилно. Како можам насилно да влегувам во своја куќа? – посочи тој.
Касами најави дека ќе се кандидира за лидер на БЕСА на претстојниот конгрес и ги повика сите заинтересирани кандидати да поднесат кандидатура за да се обезбеди демократска трка.
-Мојата кандидатура не значи дека победата ми е гарантирана. За тоа ќе одлучи мнозинството од делегатите и партиските структури – потенцираше тој.