Пресуда: Богоевски ги клеветел Афмети и Џафери дека земале мито за Маѓар Телеком

by fokus

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски го клеветел врвот на ДУИ за примање мито со случајот Маѓар Телеком, одлучи граѓанскиот суд во Скопје, објави Телевизија 24.

Поточно, Основниот суд Скопје 2, ги уважи тужбите на Али Ахемети и Муса Џафери, но Богоевски нема да им плати материјална штета од 90.000 евра, како што првично побараа.

„Не го тужевме за парите, туку да излезе вистината на виделина, велат од ДУИ за ТВ 24.

Адвокатот на Богоевски најави жалба пред Апелацискиот суд.  Во рамки на постапката која се водеше во САД против поранешни функционери на „Маѓар Телеком“, Богоевски сведочел дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од компанијата од по 2,5 милиони евра.

Поврзани новости